Фото: EPA/BOB FRID

ВИДЕО | Австралија ја шокираше Турција, Шкотска минимално славеше против Хаити

Австралија ја приреди првата поголема сензација на Светското првенство 2026, откако во мечот што го затвори првото коло во групата Д со 2-0 ја совлада фаворизираната Турција.

Иако турската селекција влезе во натпреварот со улога на фаворит, Австралијците одиграа тактички зрело и покажаа дека можат да се носат и со европските репрезентации. Турција имаше целосна контрола врз играта, со повеќе од 70 проценти посед на топката и дури 30 удари кон голот, но не успеа да ја материјализира доминацијата.

Австралија трпеливо се бранеше и ги казнуваше грешките на противникот. Во 27. минута Нестори Иранкунда избега зад турската одбрана и рутински погоди за водство од 1-0. Турците продолжија со нападите и во второто полувреме, но наместо израмнување следуваше нов шок. Во 75. минута Конор Меткалф ја искористи грешката на ривалот, тргна кон голот и со прецизен удар од дистанца ги постави конечните 2-0.

Во групата Ц, пак, Шкотска со минимални 1-0 беше подобра од Хаити. Иако резултатот не го покажува тоа, дебитантот на Мундијалот по повеќе од пет децении остави солиден впечаток и можеше да стигне барем до бод доколку беше поконкретен во завршницата.

Шкотланѓаните први се заканија во 17. минута кога Скот Мектоминеј ја погоди стативата по одличен центаршут од левата страна. Клучниот момент се случи десет минути подоцна. По продорот на Енди Робертсон и мешаницата во шеснаесетникот, топката по несреќна реакција на Жан-Рикнер Белгард заврши во сопствената мрежа, што се покажа како доволно за победа на Шкотска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот