Али Ахмети Фото: Фејсбук Ахмети

Ахмети: Нема останам засекогаш претседател на ДУИ

Али Ахмети, лидерот на Демократката партија на Албанците за време на својот вчерашен говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, рече дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сака да го продолжи својот политички ангажман од друга улога.

Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните.

-Нема да останам засекогаш претседател на партијата. Исто така, сакам да се приклучам на ветераните и да видам како ќе се борам како ветеран, изјавил Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава.

Оваа изјава беше протолкувана како сигнал за подготовка на новите генерации во ДУИ да преземат поголема одговорност во водењето на партијата, додека Ахмети нагласи дека ќе продолжи да придонесува во политичките процеси дури и како ветеран на албанската кауза.

Мицкоски се гледа на власт најмалку до 2030 година

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот