Апсење / лисици / Фото: МИА

Тетовец ограбил кладилница и сакал да бега, ама го фатиле на аеродром

26-годишен жител на Тетово е уапсен на скопскиот аеродром откако, според полицијата, пред неколку дена вооружен со нож ограбил обложувалница во градот.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 08.06.2026 околу 02:00 часот во спортска обложувалница во Тетово, пријавениот со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Истиот ден во 11:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, тој е лишен од слобода при обид да ја напушти државата“, пишува во полицискиот билтен.

Летал со 244 км/ч на автопатот кај Гевгелија, уапсен 21-годишник од Батинци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот