Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Дете паднало од мопед кај Делчево, има тешки повреди

Дете на 16 години од Делчевско вчера, додека возело мопед, паднало на пат и завршило во болница со тешки повреди.

„На 11.06.2026 во 12:25 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано ‘Турски андак’, 16-годишник од с.Разловци, делчевско, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, се додава во соопштението, кои биле констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Возач со кола удрил момче на мопед во Скопје, завршило во болница со тешки повреди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот