Фото: МИА

Уште една трагедија на „патот-убиец“ Прилеп-Градско — маж и жена загинаа, еден човек е во критична состојба

Двајца луѓе загинале, а еден човек е тешко повреден и се наоѓа во критична состојба, во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско, пред клучката кај Кавадарци.

Според информациите, директно се судриле две возила. Во едното загинале маж и жена, а во другиот автомобил бил 39-годишен прилепчанец, кој во тешка состојба итно е пренесен во кавадаречката болница.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на Брзата помош, полицијата и пожарникари кои го ваделе преживеаното тешко повредено лице од еден од автомобилите.

Увидот на МВР на местото и натаму трае.

Експресниот пат Прилеп-Градско беше пуштен во употреба лани летото и за само неколку месеци, на него загинаа седум луѓе, а повеќе од десетмина беа тешко повредени.

Мораше ли да згаснат пет животи? Властите допрва ќе реагираат за „црната точка“ на новиот пат Прилеп-Градско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот