Не му беше дозволен влез во САД, но затоа ќе го суди Суперкупот на УЕФА
УЕФА објави дека Омар Артан од Сомалија е назначен за судија на Суперкупот на УЕФА во 2026 година, што претставува историски момент за африканскиот фудбал и судиската организација.
Препорачано
Артан ќе го суди натпреварот помеѓу победникот во Лигата на шампионите, ПСЖ, и победникот во Лигата на Европа, Астон Вила, во австрискиот град Салцбург на 12 август.
И покрај тоа што е релативно млад, Артан се етаблираше како еден од најпочитуваните африкански судии во последните години. Тој е на листата на меѓународни судии на ФИФА од 2018 година, а меѓу најзначајните натпревари што ги судел е реваншот од финалето на Африканската лига на шампиони во сезоната 2025/26.
За неговите настапи, тој беше награден со наградата за најдобар машки судија во Африка за 2025 година.
Артан исто така првично беше вклучен на листата на судии за Светското првенство во 2026 година, но не можеше да учествува на турнирот бидејќи не му беше дозволено да влезе во САД.
Најдобриот африкански судија добил виза, но Америка го вратила од аеродром
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека назначувањето на сомалискиот судија е признание за неговиот квалитет и претходни достигнувања.
– Омар Артан е исклучителен млад, но веќе многу искусен судија кој се докажа на највисокото ниво на африканскиот фудбал. Фудбалот треба да ги зближува луѓето, а со оваа одлука, УЕФА сака да покаже почит кон Омар и неговите извонредни судиски вештини што му ја донесоа толку престижната номинација. Му благодарам на претседателот на CAF, Патрис Мотсепе, за неговата поддршка на оваа иницијатива – рече Чеферин.
Суперкупот на Европа помеѓу Париз Сен Жермен и Астон Вила ќе биде можност за Артан да стане првиот судија од Сомалија кој ќе ја дели правдата во еден од најважните натпревари под покровителство на УЕФА.
ВИДЕО | Судијата на кој САД му забрани влез е дочекан како херој во Сомалија


