Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Најголемиот договор во историјата на НФЛ: Махомс ќе заработи повеќе од половина милијарда долари

Патрик Махомс и Канзас сити чифс повторно ги поместија границите на НФЛ лигата. Еден од најдобрите квотербекови потпиша нов договор кој би можел да му донесе повеќе од половина милијарда долари во текот на неговиот рок, пренесува „Би-би-си спорт“.

Чифс се согласија на двегодишно продолжување со Махомс во вредност од 239,05 милиони долари, што ја зголемува вкупната вредност на неговиот договор на импресивни 504,75 милиони долари.

Преку различни договорни механизми, му е загарантиран целиот износ од 504,75 милиони долари, додека со бонуси и дополнителни клаузули, вкупната заработка би можела да достигне дури 522,25 милиони долари.

Новиот договор му носи просечна годишна плата од 64 милиони долари почнувајќи од 2027 година, што е нов рекорд во НФЛ.

Ѕвездата на Чифс со тоа го надмина претходниот рекордер, Дак Прескот од Далас Каубојс, кој според тековниот договор инкасира 60 милиони долари по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот