Лидија Кочовска / Фото: Инстаграм/Лидија Кочовска

Лидија Кочовска лута: „Никој не се јави кога почина мајка ми“

Лидија Кочовска отворено проговори за големото разочарување во времето кога почина нејзината мајка.

Познатата пејачка, во своето гостување во „Гламур“, отворено и со голема разочараност проговори за односот на државните институции кон уметниците кои оставиле неизбришлива трага во македонската култура.

Кочовска емотивно се присети на загубата на нејзината мајка, легендарната Невена Кочовска – вокалот на култниот ансамбл „Мањифико“, која по долга и тешка борба со деменцијата почина во 2022 година. Таа откри дека по смртта на нејзината мајка, која со децении ја претставувала земјава низ светот како вистински културен амбасадор, доживеала целосно игнорантски однос од надлежните.

„Една од работите којашто ја спомнав во интервјуто е и тоа дека ми е многу тешко кога ќе се сетам дека мајка ми почина. Сепак, многу значеа, беа амбасадори на Македонија. Никој од Општина Карпош или од Министерството за култура… никој не се јави. Никој. Никој ниту дојде, ниту се јави.

Мислам, навистина голема штета. Тоа е една од работите којашто многу ме мачи, многу ме разочарува. Ама знаеш како, секогаш велиме: ‘Молчи, има и побетер’. Ама тоа не треба да е така. Не треба да е ‘ќути, има и побетер’. Зошто не велиме: ‘Ќути, дај да се стремиме кон подобро, дај да ги согледаме оние коишто нешто направиле’? Нели? И сега мислиш дека е дно, ама не… секогаш има. Одиме, за жал, кон полошо.“

Низ разговорот, Кочовска го отвори и генералното прашање за тоа како Македонија се однесува кон своите истакнати уметници. Семејството Кочовски со години јавно и храбро говореше за предизвиците и тежината на деменцијата со која се соочуваше Невена, апелирајќи за поголема свесност во општеството. Сепак, наместо почит и институционална поддршка во најтешките моменти по нејзиното заминување, семејството се соочило со молк кој боли повеќе од сè.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот