ВИДЕО | Игор Џамбазов: Проверував дали можам да станам татко кога бев со Илина
Игор Џамбазов за првпат прозборе додека бил во врска со Илина Арсова, имале планови да имаат деца. Во поткастот „Естраден лексикон“ на Марио Арангеловски, тој раскажа интересна анегдота за периодот кога проверувал дали може да стане татко.
Препорачано
„Во времето кога бев со Илина ја проверував мојата семена течност. Докторот во Струмица ми рече: ‘Терај, ти работат тие опавчењата’. Пред куќата во која привремено живеев во Дојран, се паркира една кола со скопска регистрација. Излегува една докторка. ‘Добар ден, добар ден.’ Ја примивме на тераса. Илина ѝ свари кафе, таа извади една епрувета, ми ја даде мене… Ја треба да влезам во дневна и да дадам примерок од семена течност. И тоа е еден од најсмешните моменти од нашата врска. Кога конечно успеав да ја наполнам епруветата ѝ ја дадовме, а таа рече: „Добро е, ама си можел и малце повеќе“, се насмеа Џамбазов.
Тој зборуваше за омразата спрема јавните личности и рече дека тоа се осмелуваат да го прават оние кои не ги познаваат. Актерот додаде дека би сакал да руча и да се запознае со двајцата негови најголеми „хејтери“. Потоа, повторно ја спомена Илина Арсова и омразата која ја прочитал на социјалните мрежи за неа.
„Еве сега пред некој ден видов на некој портал, на нејзина објава за тоа како ја ‘тролаат;… Па срам да ти е да прочиташ. Може ли јас сум толку малер со вакви луѓе да дишам жив воздух? Да навредуваш жена на четириесет и кусур години што нема деца, и да ја навредуваш заради тоа што нема деца? Ти, ид*от еден, од каде знаеш ти каква мака има тој човек што го осудуваш, бе? Можеби нема може да деца, од каде знаете вие?
Одвратно е. Сега имав ситуација во во куќата во Дојран, и седиме на терасата со Ферхунде, и ако поминат кучиња, си лае кучето нели, ама и луѓе ако поминат што не ги познава. И нешто интензивно лае и јас излегов: ‘Што е бе злато?’ И еден постар брачен пар, од мене постари, и жената само ги дигна рацете и се насмевна, а мажот: ‘Што е бе тоа кучето бе? Со кучиња ли живееш бе? Камо деца бе да правиш?’. Каква е таа храброст бе? Прво, од кај знаеш, може не можам да имам деца. Може сум неплоден. Тоа е бедно бе, подло“, рече Џамбазов.
View this post on Instagram
Актерот искрено раскажа дека имал понуди од жени кои сакале да имаат дете со него.
„Пријателе мој, штом има толку омраза во тебе, ти не си направен од љубов. Јас имам и непристојни понуди од жени што сакаат да родат мое дете. Велам: ‘Благодарам, но дете се прави од љубов, не од математика’. Денеска е барем лесно, можеш и да не се видиш со жената и да има твое дете“, рече Џамбазов. Тој за Илина Арсова рече дека е ретка жена, уметник, интелектуалка и активистка, а таквите најмногу им пречат на оние кои пишуваат навредливи коментари.


