Непристоен инцидент со жена — откриен новиот грев на посрамотениот поранешен принц Ендру
Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешниот принц и војвода од Јорк, е повторно под истрага, овој пат за наводна непристојна средба со жена на Ројал Аскот во 2002 година.
Препорачано
Како што објави „Сандеј тајмс“, полицијата наводно ги истражува настаните од 2002 година, додека истовремено истражува и пошироки можни кривични дела што можеби ги извршил, вклучувајќи сексуално непримерно однесување, корупција и измама. Новооткриениот инцидент се случил на познатите трки на кои секоја година присуствуваат многу членови на британското кралско семејство, вклучувајќи го кралот Чарлс, принцот Едвард, принцезата Беатрис и други.
Не е јасно дали инцидентот е пријавен во полицијата веднаш или дури неодамна, но детективите од полицијата во долината Темза наводно го истражуваат случајот како дел од поширока истрага за поранешниот принц.
На Ендру му беа одземени сите титули минатата година, по серија скандали поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епстин. На неговата поранешна сопруга Сара Фергусон исто така ѝ беа одземени титулите, а двајцата беа исфрлени од резиденцијата Ројал лоџ. Порано оваа година, поранешниот принц беше уапсен, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција и пренесување доверливи информации на Епстин, кој почина во 2019 година.
Ендру Маунтбатен-Виндзор претходно беше обвинет за непримерно однесување кон жени и девојчиња. Пред неколку години, Вирџинија Џуфре го обвини за силување, што Ендру жестоко го негираше и продолжува да го негира. Меѓутоа, иако ги негираше обвинувањата, тој ѝ плати мултимилионска спогодба на Џуфре, која почина во 2025 година.
Авторот на книгата со наслов: „Со право: Подемот и падот на Јоркшката куќа“ (Entitled: The Rise and Fall of the House of York”, Ендру Лоуни, претходно тврдел дека непримерното однесување на поранешниот принц датира од пред неколку децении. Тој навел и дека постојат „многу приказни“ за неговото лошо однесување, нагласувајќи дека поранешниот војвода „очигледно ужива во засрамувањето на жените“.
Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин


