Група К Фото: Х

Мундијал 2026 | Група К: Последна шанса да се исполни сонот на Роналдо

Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи.

ГРУПА К-Колумбија,ДР Конго, Португалија, Узбекистан

КОЛУМБИЈА

Најдобри пласмани: Четвртфинале (2014)

Учества: Шест

Рангирање на ФИФА: 13

Колумбија ќе го има своето седмо учество на светските првенства и прво од 2018 година. Нивниот најуспешен турнир беше во 2014 година кога стигнаа до четвртфиналето.
Што се однесува до играчкиот кадар, Луис Дијаз од Баерн Минхен постигна седум гола во квалификациите, а само Меси имаше повеќе голови во тој регион.Средниот ред има сериозен квалитет. Ричард Риос (Бенфика) и Џеферсон Лерма (Кристал Палас) се моторот.
ХамесРодригез, капитенот на Колумбија ужива статус на икона на националниот тим уште од неговиот пробив на Светското првенство во 2014 година. Тој ја освои Златната копачка со шест гола на Светското првенство во Бразил 2014 година, бројка што го прави најдобар мундијалски стрелец на Колумбија на сите времиња.Колумбија има талент и тим да ја помине групната фаза и да се пласира во нокаут рундите.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

ДР КОНГО

Најдобри пласмани: Групна фаза (1974)

Учества: Едно

Рангирање на ФИФА: 45

ДР Конго ќе го има своето второ учество и прво од 1974 година, кога се натпреваруваше како Заир. Еден од клучните играчи е Јоан Виса, кој се докажа како стабилен напаѓач во Премиер лигата со Брентфорд пред да се пресели во Њукасл. Шансел Мбемба е капитен, лидер во одбраната, со над 100 репрезентативни настапи и искуство во големи европски клубови.
Португалија и Колумбија се сметаат за фаворити во Групата К, но затоа што осумте најдобри третопласирани репрезентации ќе се пласираа во нокаут рундите, ДР Конго би можел да направи историја.

Прворангираната репрезентација според ФИФА никогаш не го освоила Светското првенство

ПОРТУГАЛИЈА

Најдобри пласмани: Трето место (1966)

Учества: Осум

Рангирање на ФИФА: Петти

Со висок квалитет на секоја позиција, Португалија влегува на Светското првенство како вистински кандидат за титулата. Кристијано Роналдо (41) пристигнува на своето шесто светско првенство и сè уште го брка единствениот трофеј што досега му бегаше. Иако во подоцнежна фаза од својата кариера, Роналдо останува легенда и лидер на Португалија.
Друг клучен играч е Бруно Фернандеш, една од најпрепознатливите ѕвезди на Португалија, капитенот на Манчестер Јунајтед кој изгради репутација како еден од најдобрите креатори на шанси во Премиер лигата. Витиња од Пари Сен Жермен е моторот на средниот ред и еден од најважните тактички фигури. Рубен Дијас е дефанзивното сидро, истакнат играч на Манчестер Сити, кој е познат како еден од најдобрите централни бекови во светот.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Претставување на шест групи на СП 2026

УЗБЕКИСТАН

Најдобри пласмани: Дебитанти

Учества: 0

Рангирање на ФИФА: 50

Узбекистан е аутсајдерот во групата. Елдор Шомуродов, капитенот и централна фигура во нападот, е најдобар стрелец во Узбекистан на сите времиња со 44 репрезнетативни гола. Абдукодир Хусанов сега настпува за глобалната сила Манчестер Сити, еден е од највозбудливите млади таленти на Узбекистан. Дефанзивецот (22) веќе има 26 настапи за сениорската репрезентација.
Фабио Канаваро, селекторот на Узбекистан, во тимот донесе победнички менталитет на фудбалер кој го освоил трофејот како играч за Италија во 2006.

Мексико и Јужна Африка ја креваат завесата на Мундијалот — стартот е идентичен како на СП 2010, но ги нема вувузелите

Од Стабиле до Мбапе: Ова е листата на најдобри стрелци на сите светски првенства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот