Фото: Screenshot/ESPN.com.mx

ВИДЕО | Чешките фудбалери заглавиле во мексиканскиот сообраќај, па тргнале пеш до тренинг-центарот

Чешката репрезентација доживеала необичен проблем ден пред својата премиера на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

На пат кон тренинг-центарот во мексиканскиот град Запопан, автобусот што ги превезувал чешките фудбалери и стручниот штаб се заглавил при свртување кон влезот на комплексот. Поради инцидентот, дел од возилото ја блокирал сообраќајницата, што предизвикало голем сообраќаен метеж.

Локалните власти морале да затворат една сообраќајна лента, а колоните од автомобили, мотоцикли и камиони се протегале со километри. Според мексиканските медиуми, сообраќајот бил отежнат речиси еден час.

Додека службите се обидувале да го ослободат автобусот, чешките репрезентативци го загубиле трпението и последниот дел од патот до тренинг-центарот го поминале пеш.

Чешката репрезентација во петок ја очекува првиот натпревар на турнирот против Јужна Кореја на стадионот во Гвадалахара.

Чешка се врати на Мундијалот за првпат по 2006 година, а навивачите се надеваат дека оваа необична ситуација ќе остане само интересна анегдота, а не лош знак пред почетокот на натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот