Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

ФИФА воведе ново строго правило, еден потег може да донесе исклучување

Во пресрет на почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, ФИФА ја потврди примената на нова регулатива која би можела целосно да го промени начинот на комуникација меѓу играчите на теренот. Станува збор за правило кое во јавноста веќе е познато по неофицијалното име „законот на Винисиус“, а според него играчите кои за време на разговор со противниците ќе ги покриваат устите би можеле без предупредување да бидат исклучени од играта.

Оваа одлука произлегува од случајот во кој беа вклучени Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани во Лигата на шампионите оваа сезона. Случајот отвори низа дебати за границите на однесувањето на теренот, слободата на изразување и дисциплинските правила во современиот фудбал.

Престијани за време на вербален контакт со Винисиус, ја покри устата, со цел да го сокрие она што го кажува. Таквата практика станува сè почеста во фудбалот, особено поради развојот на телевизиските камери и технологијата за читање од усни.

Винисиус тврди дека бил мета на расистички навреди, а Престијани вели дека станувало збор за хомофобични коментари, но вистината останува позната само за нив двајца.

Одлуката предизвика бројни дебати во фудбалската јавност. На состанокот на Советот на ФИФА во Ванкувер, неколку национални федерации изразиле загриженост, истакнувајќи дека играчите понекогаш ги покриваат устите за да заштитат тактички информации или приватни разговори.

Биле поставени и прашања дали на овој начин се ограничува слободата на изразување на теренот. Сепак, правните експерти сметаат дека правилото може да се оправда во рамките на спортските дисциплински норми, бидејќи не се казнува содржината на кажаното, туку самото дејство на покривање на устата.

Според толкувањето на експертите, станува збор за мерка која санкционира јасно дефинирано однесување, а не евентуални навреди или дискриминаторски пораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот