Фото: КК Партизан

ВИДЕО | Mногу емоции во Белград: Партизан се прости од Един Авдиќ пред неговата сопруга и синот, цела сала скандираше

Партизан на трогателен начин му оддаде почит на прерано починатиот спортски коментатор Един Авдиќ пред почетокот на финалниот натпревар од АБА лигата против Дубаи.

Во белградската арена владееше емотивна атмосфера додека „црно-белите“ се потсетуваа на човекот кој со години беше препознатлив глас на регионалната кошарка и уживаше голем респект меѓу навивачите, играчите и спортската јавност.

На покана на клубот, на натпреварот присуствуваа сопругата на Авдиќ, Ања, како и неговиот син Исак. Еден од најтрогателните моменти беше прикажувањето на цртежот што Исак му го посветил на својот татко, а кој беше прикажан на видео-бимот пред почетокот на средбата.

Дополнителни емоции предизвика и специјално подготвеното столче со името на Един Авдиќ, кое остана празно во негова чест. На него беа поставени јагоди и Нутела, едни од неговите омилени работи.

ВИДЕО | Најблискиот соработник на Един Авдиќ се расплака на ТВ-пренос: Си замина најдобриот меѓу нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот