Од бар во поранешен банкарски трезор до коктели со 24-каратно злато — oва се најдобрите хотелски барови во светот за 2026
Хотелските барови одамна не се само место каде патниците можат да се опуштат по напорниот ден. Тие се претворија во вистински дестинации за љубителите на врвните коктели, беспрекорната услуга и уникатното искуство. Токму затоа „Форбс травел гајд“ ја објави својата листа на најдобри хотелски барови за 2026 година, на која се најдоа 37 ексклузивни локации од 18 земји низ светот.
Препорачано
За да се најдат на оваа престижна листа, баровите биле посетени од анонимни инспектори на „Форбс травел гајд“, кои ги оценувале коктелите, гастрономската понуда, услугата и целокупното искуство на гостите. Најголем број признанија годинава добија Шангај и Токио, со по три победнички барови.
Од елегантни салони во Париз и Лондон до спектакуларни покривни барови во Шангај и Токио, овие места нудат многу повеќе од пијалак – тие раскажуваат приказни преку вкусови, амбиент и традиција.
View this post on Instagram
Меѓу највпечатливите е легендарниот бар „Бемелманс“ во Њујорк, сместен во хотелот „Карлајл“. Овој култен бар е познат по ѕидните мурали на Лудвиг Бемелманс, авторот на популарните детски книги за Мадлен. Со децении привлекува познати личности, а неговите бармени секоја вечер подготвуваат стотици мартини коктели според внимателно усовршена техника.
Во Мајами, барот „Шампањ“ во хотелот „Фор Сизонс Хотел ет д Сурф Клаб“ се издвојува со најголемиот избор на шампањ во градот. Гостите можат да уживаат под високите сводови и палми додека дегустираат креативни мартини коктели и внимателно подготвени специјалитети – од свежо рибно карпачо до занаетчиски пици.
View this post on Instagram
Во Шангај, „Ле Бар“ во хотелот „Капела Шангај“, Џијан Је Ли ги спојува француската елеганција и кинеската традиција. Еден од најинтересните коктели е Тамариндус Саур, инспириран од популарните кисело-слатки бонбони од тамаринд кои многу генерации деца во Кина ги паметат од детството.
На 45-тиот кат од хотелот „Булгари“ во Токио се наоѓа барот „Булгари“ – вистинска медитеранска градина меѓу облаците. Со панорамски поглед кон Токио, гостите можат да уживаат во автентични италијански специјалитети и коктели инспирирани од препознатливите скапоцени камења на луксузниот бренд „Булгари“.
View this post on Instagram
Во Сеул, „Лајбрари“ во хотелот „Шила“ привлекува посетители со вечерни џез настапи, нова оперска програма во живо и необични десерти, како сладолед од ориз со свежо рендани тартуфи. Коктелите, пак, се создадени од традиционални корејски состојки како пелин, зелена слива и оцет од ферментирано овошје.
Европа исто така има силни претставници на листата. Во Лондон, барот „Клариџис“ во легендарниот хотел „Клариџис“ е омилено собиралиште на елегантната градска публика. Покрај богатиот избор на шампањи, барот е особено познат по својот славен „Дирти Мартини“, подготвен со специјално создаден џин за хотелот.
View this post on Instagram
Во Монте Карло, „Ле Бар Америкен“ во хотелот „Де Пари“ ѝ оддава почит на принцезата Грејс со коктелот Ла Розери, во кој се комбинираат вотка инфузирана со рози, караница, брусница, лимон и шампањ.
Посебно внимание привлекува и барот „Волт“ во хотелот „Валдорф Асторија“ во Амстердам. Сместен во поранешен банкарски трезор, барот и денес ги чува оригиналните сефови зад шанкот. Еден од неговите најинтересни коктели е Голден Ки, кој се сервира со голем златен клуч што служи како мешалка.
На Блискиот Исток, „Пикок Алеј“ во хотелот „Валдорф Асторија Малдиви Итаафуши“ нуди современа верзија на легендарната пиња колада. Коктелот ги задржува препознатливите вкусови на ананас и кокос, но добива и суптилна чадна нота која му дава сосема нов карактер.


