Фото: архива на „Слободен печат“

Нови луѓе се избрани во раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра тројца нови членови на највисокото тело на партијата, Извршниот комитет.

„Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните“, соопшти партијата.

„Зоранчо Јованчев е пратеник во собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата. ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на низа општински комитети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот