Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Проблемите на СП веќе почнаа, големо невреме го одложи почетокот на натпреварот на Англија

Иако Светското првенство во фудбал официјално стартува утре, временските неприлики веќе почнаа да создаваат проблеми за учесниците на турнирот.

Генералната проба на англиската репрезентација пред почетокот на шампионатот беше нарушена поради силно невреме во Орландо. Англија и Костарика требаше да одиграат контролен натпревар во Орландо со почеток во 22 часот по средноевропско време.

Сепак, поради обилни врнежи, силен ветер и грмежи во околината на стадионот, организаторите беа принудени да го одложат почетокот на средбата.

Според последните информации, натпреварот би требало да започне во 23 часот, доколку временските услови се стабилизираат и не се појават нови безбедносни ризици за играчите и гледачите.

Овој случај уште еднаш покажа дека временските прилики би можеле да бидат еден од факторите што ќе влијаат врз организацијата на натпреварите на претстојниот светски шампионат.

Комплетен распоред и саатници на сите натпревари на Светското фудбалско првенство 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот