Дуа Липа и Калум Тарнер во ресторанот „Ил Конвивио“ / Фото: Инстаграм/„Ил Конвивио“

Дуа Липа и Калум Тарнер на меден месец во хотел од „Белиот лотос“ — ноќевање чини и до 4.600 евра

Новопечените сопружници Дуа Липа и Калум Тарнер продолжуваат да уживаат во својот одмор на Сицилија, каде што го минуваат медениот месец во еден од најлуксузните хотели во Италија – местото каде што беше снимена втората сезона на популарната серија „Белиот лотос“ (The White Lotus).

Парот престојува во хотелот „Сан Доменико Палас“ во Таормина, кој работи под брендот „Фор Сизонс“ и е познат по спектакуларната локација и погледот кон Јонското Море. Цените за ноќевање таму достигнуваат и до 4.600 евра.

Липа и Калум биле фотографирани покрај бесконечниот базен на хотелот, каде што разменувале прегратки и бакнежи, уживајќи во романтичната атмосфера на сицилијанскиот брег.


Нивното патување доаѓа по информациите дека двојката неодамна се венчала на тајна церемонија во Велика Британија. Според британските медиуми, свадбата наводно се одржала на приватен селски имот и чинела околу 1,7 милиони евра.

Љубовната приказна на Дуа и Калум првпат го привлече вниманието на јавноста во јануари годинава, кога беа фотографирани како се бакнуваат по една забава во Беверли Хилс. Набргу потоа извори потврдија дека се во врска.

„Врската е нова, но тие се луди еден по друг“, изјавил тогаш извор близок до парот.


Пред врската со Липа, Калум четири години беше во љубовна врска со актерката Ванеса Кирби, со која раскина во 2020 година.

Пејачката, пак, од 2019 до 2021 година беше во врска со Анвар Хадид, а подоцна и со францускиот режисер Ромен Гаврас. Според медиумски извори, Липа ја завршила врската со Гаврас за целосно да се посвети на музичката кариера во пресрет на објавувањето на својот трет студиски албум.

ВИДЕО | Папараци ги прогонуваа Дуа Липа и Калум Тарнер во Париз: „Ова е навистина непријатно и исцрпувачки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот