Јана Стојановска / Фото: Фејсбук/Јана Стојановска

Актерката Јана Стојановска за бракот и мајчинството: Ако љубовта не се храни со љубов, ќе умре од глад

Актерката Јана Стојановска, која е мајка на шестгодишниот Ненад, отворено зборуваше за љубовта. Стојановска го има синот од бракот со кошаркарот Андрија Бојиќ.

Актерката, во поткастот на „Курир.мк“ рече дека љубовта е постојана обврска која бара вложување од двете страни, истакнувајќи дека нејзиното негување е клучот за опстанок на врската.

„Љубовта треба да се храни со љубов. Ако не се храни љубовта со љубов, ќе умре од глад“, рече таа.

Иако не го спомена конкретно сопругот, во разговорот со новинарот Антонио Димитриевски, таа се осврна и на тоа како јавноста честопати суди за туѓите врски и бракови, особено кога ќе дојде до прекин на некоја релација.

„Никој никогаш нема да каже ‘тој тука нешто згрешил’, што и да направил. Секогаш. Дали си слушнал некој некогаш да осуди маж заради пропаста на некоја врска или брак? Па, има и луѓе кои се лоши“, рече Стојановска.

„Генерално во машко-женските односи, иако живееме повеќе во машки свет и иако јас не се согласувам, како велат, зад секој успешен маж стои успешна жена и зад секоја успешна жена стои потентен маж“, рече низ насмевка новинарот, а актерката на ова одговори:

„Не, не потентен маж. Стои маж кој заедно со неа ги чува децата. Маж кој може да понуди изобилство. Изобилство од време, изобилство од материјално, изобилство од внимание, изобилство од родителство, изобилство од многу работи. Луѓето не кореспондираат веќе на тој начин, заради тоа што од жената се очекува повеќе. Тоа е како што велат, компилација на потенцијал. И така се губи љубовта, а во 70 проценти од случаите се губи заради тоа што не се чува“, рече актерката.

Потоа, на прашањето од новинарот дали е вљубена, таа одговори:

„Вљубена сум, цело време сум вљубена. Како што ти кажав претходно. Највљубена сум во син ми. Каква љубов е тоа! Тоа е страшно, па тоа се станува од сабајле, па тоа е мама, мама, мама, мама. Па што сакаш да јадеш, па каде ќе одиме денес, што ќе правиме. Во љубов, јас сум нон-стоп“, откри актерката.

Нејзиниот син кој е предверемно родено дете есенва ќе наполни седум години.

„Предизвикот е сериозен како што е секое прво мајчинство, едно сосема ново искуство, различно од сѐ досега, комплетна лудост од замор, страв, претерана грижа и страшна љубов. Со тоа што кај мене се оддолжи шест години. Предизвиците околу неговото здравје поврзани се, пред сѐ, со неговото предвремено раѓање, ме натераа да одлучам да не работам ништо. Мислам, одлучив. Не ни можев поинаку затоа што тоа што се случуваше, бараше постојан надзор. Не можев да си дозволам четири часа проба или осум часа филмски сет без да го видам, не верував никому освен себеси и знам сигурно дека нему му требав токму јас. Интензивното мајчинство кај другите деца трае три-четири години, кај мене на некој начин сѐ уште трае“, рече Јана Стојановска во интервју за „Слободен печат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KURIR.MK (@kurir.mk_official)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот