Ти Џеј Шортс/Panathinaikos BC

Панатинаикос по две продолженија ја доби драмата со Олимпијакос и обезбеди мајсторка, „13-ка“ за Шортс

Панатинаикос избори мајсторка во финалната серија од грчкиот шампионат, откако по вистинска кошаркарска драма и две продолженија го совлада Олимпијакос со 93-86 и го израмни резултатот на 2-2.

Големото дерби понуди неизвесност од првата до последната минута. Тимот на Ергин Атаман на полувремето замина со предност од 40-34, но Олимпијакос во вториот дел успеа да се врати во игра и да обезбеди неизвесна завршница. По регуларните 40 минути резултатот беше израмнет, 69-69.

Возбудувањата продолжија и во дополнителните пет минути. Панатинаикос на 37 секунди пред крајот доби важни поени од Митоглу од линијата за слободни фрлања за 79-79, а во последниот напад Толиопулос имаше можност да му донесе победа на Олимпијакос, но неговиот шут не заврши во кошот.

Одлуката падна дури во второто продолжение, каде што важни поени постигна македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс и беше еден од најзаслужните за триумфот.

Најефикасен во победничкиот состав беше Кендрик Нан со 23 поени, додека кај Олимпијакос најрасположен беше Еван Фурние, кој постигна 29 поени. Шортс натпреварот го заврши со 13 поени, два скока и четири асистенции.

ВИДЕО | Најблискиот соработник на Един Авдиќ се расплака на ТВ-пренос: Си замина најдобриот меѓу нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот