Фото: Телевизија M»Net HD / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Драматична борба со огнот во Штип, градоначалникот бара помош од околните градови

Јорданов информираше и дека побарал помош и од Свети Николе, Кочани и Кавадарци, а во контакт бил и со Дирекцијата за заштита и спасување и со Центарот за управување со кризи.

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на вечерашната вонредна прес-конференција изјави дека нема простор за паника и дека се користат сите сили на противпожарната бригада за гаснење на пожарот кој изби над градот и се прошири на ридовите над штипските гробишта.

Јорданов информираше и дека побарал помош и од Свети Николе, Кочани и Кавадарци, а во контакт бил и со Дирекцијата за заштита и спасување и со Центарот за управување со кризи.

Планот на надлежните е да се направи појас, за пожарот да не се шири. Потезите ќе зависат од тоа како ќе се одвива ноќта и како ќе дува ветрот, кој претходно постојано го ширеше пожарот.

Според првичните информации, пожарот најверојатно е предизвикан од гром. Со огнената стихија се борат сите штипски пожарникари, со сите средства што ги имаат на располагање.

ВИДЕО | Гром предизвика огромен пожар над Штип, со стихијата која беснее вечерва се борат десетици пожарникари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот