Фото: Glas Zaječara

„Не се дозволени пе*ери“: табла кај Заечар во Србија предизвика реакции

Активисти и локални новинари кои на 6 јуни тргнале на прошетка до Малка Голaја кај Заечар во Србија, каде што се наоѓаат ископини на компанијата „Зиџин Мајнинг“, биле пречекани од тројазична табла со известување со необична содржина. На англиски и кинески пишувало дека пристапот е забранет за пешаци, а на српски дека „Не се дозволени пе*ери“, пренесува Н1.

Компанијата „Зиџин Мајнинг“ за Н1 не можела да ја потврди автентичноста на фотографиите и снимките од спорната табла, кои биле објавени на социјалните мрежи, но истакнале дека таблата не ја поставиле тие.

„Она што можеме недвосмислено да го потврдиме е дека ‘Србија Зиџин Мајнинг’ не ја поставила таблата, ниту го одобрила содржината што е прикажана на наведената табла. Сакаме да нагласиме дека ‘Србија Зиџин Мајнинг’ работи во согласност со принципите на почитување на човековите права, еднаквите можности и недискриминацијата и не поддржува ниту одобрува какви било навредливи или несоодветни пораки насочени кон која било популација“, соопштија од компанијата.

Миљко Стојановиќ, локален новинар на „Глас на Заечар“, за Н1 вели дека таблата првпат била забележана неделава при организирана прошетка до Малка Голaја. Тој истакнува дека пред тој настан бил на истата локација и тогаш таблата ја немало, но четири-пет дена подоцна – се појавила.

„Кога ја видов таблата, прашав: ‘Дали ова е реално?’. Не видов добро, сè ми беше заматено и не успеав да прочитам што пишува. Сите тогаш почнаа да се смеат“, раскажа Стојановиќ.

Тој додава дека спорната табла веројатно е резултат на грешка во превод, но не ја исклучува можноста некој да сакал „шега“ со „Зиџин“.

Стојановиќ објаснува дека видел само една табла со ваков натпис, но на истото место постоеле и други, полни со правописни грешки. Истакнува дека една е само на кинески јазик, на друга пишува „Заичар“ наместо Заечар, а на некои зборовите се споени.

Новинарот од Заечар вели дека истиот ден ја повикал комуналната инспекција за да ја пријави таблата со навредлива порака, но му било кажано дека инспекцијата не може да излезе на терен бидејќи станува збор за приватен имот.

Порталот Н1 неофицијално дознава дека таблата со навредливиот натпис е отстранета веднаш штом снимките и фотографиите се прошириле по интернет.

Од компанијата „Зиџин Мајнинг“ започнале внатрешна проверка.

„Доколку во текот на проверката се утврди дека предметната табла се наоѓа на простор со кој управува компанијата или на локација поврзана со нејзините активности, ‘Србија Зиџин Мајнинг’ ќе ги преземе сите неопходни мерки во рамки на своите надлежности и во согласност со интерните процедури“, одговориле од компанијата.

Членка на ЕУ стави вето на монетата од 2 евра на Бугарија во чест на бугарската азбука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот