Не се плашиме од борба со губитници, бројот на американски жртви ќе расте, велат од Иран
„Не се плашиме од борба со губитници. Бројот на американски жртви веќе е многу поголем отколку што потврдува Трамп, и ќе расте“, објави денес шефот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови напади врз Иран.
Препорачано
„Овој пат, војната нема да биде ограничена само на регионот. Ќе видиме што ќе се случи!“, напиша Азизи на социјалната мрежа Х.
We’re not afraid of fighting losers.
The number of American casualties is already far higher than Trump confirms, and it will rise.
This time, the war won’t be limited to the region.
We’ll see what happens!— ابراهیم عزیزی (@Ebrahimazizi33) June 10, 2026
Со своја реакција се јави и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Според него, заканите на САД за напад врз инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги транспортните и електроенергетските мрежи, не покажуваат сила, туку, како што изјави, „се знак на очај пред волјата на една нација“, осврнувајќи се на Иранците.
„Иран, потпирајќи се на знаењето и способностите на своите експерти, националното единство и солидарност, силно ќе се спротивстави на секој притисок или закана“, рече Пезешкијан.
Трамп објави дека САД денес „ќе го нападнат Иран многу силно“, наведувајќи дека американските сили веќе извршиле напади и ќе продолжат со нападите.
На прашањето на новинарите во Овалната соба дали ова значи продолжување на бомбардирањето, Трамп ја потврди можноста за понатамошни напади.
Иран мора да ја плати цената, ќе ги нападнеме силно, вели Трамп
Тој рече дека одлуката е заснована на инцидент во кој Иран наводно употребил дрон за да собори американски хеликоптер „Апачи“ покрај брегот на Оман.
Трамп го повтори својот став дека Иран треба да потпише договор кој, според него, ќе го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.
Трамп во вторникот изјави дека иранската војска нападнала и соборила американски воен хеликоптер „Апачи“ во близина на Ормутскиот теснец, по што Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека започнала нови, одмазднички напади врз Иран, пренесува Танјуг.
„Одмазда за соборувањето на хеликоптерот апачи“ — САД го нападнаа Иран
Како одговор, Иран ја нападна Петтата флота на САД во Бахреин со беспилотни летала, како и американските бази во Кувајт и Јордан.


