Toмас Тухел / EPA-EFE/NEIL HALL

Тухел светскиот шампион го „пронајде“ во Јужна Америка: Како Англичаните ќе ги дочекаат зборовите на својот селектор?

Во фудбалот постои мал круг на „вечни“ кандидати за светската титула, а така би требало да биде и на 23. Светско првенство. Со тоа се согласува и селекторот на Англија, Томас Тухел.

Според него, „Гордиот Албион“ воопшто не е најголем фаворит за симнување на Аргентина од тронот, иако на турнирот доаѓа како вицешампион од последното Европско првенство. За тоа има и свое образложение.

„Не можеме да бидеме меѓу главните фаворити бидејќи не сме освоиле Светско првенство многу долго време. Постојат репрезентации кои веќе докажале дека знаат како се освојуваат големи турнири. Можеме да се бориме за трофејот и да сонуваме големи соништа. Знаеме што е потребно. Сакаме да одиме до крај, но не мислам дека сме фаворити. Сакаме да победиме. Имаме верба, но таа доаѓа со одговорност, напорна работа, дисциплина и соочување со неуспесите“, изјави  Тухел, алудирајќи на фактот дека Англија единствената светска титула ја освоила во далечната 1966 година, кога била домаќин на турнирот.

Германскиот стратег смета дека Англичаните мора да останат реални.

„Мора да бидеме реални, првата цел е да стигнеме до четвртфиналето. Ќе биде многу тешко да го направиме тоа во САД. Ако завршиме први во групата, ќе мора да одиме во Мексико Сити и да играме против домаќинот на голема надморска височина. На патот до целта ќе мора да ги победиме Аргентина, Франција и Шпанија. Во вакви услови, со високи температури и на овие терени, мои фаворити се Аргентина и Бразил“, објаснил Тухел.

Времето ќе покаже дали селекторот само се обидува да го намали притисокот врз својата репрезентација и да го симне товарот на фаворитската улога. Англија ќе настапува во групата Л, а првиот натпревар ќе го одигра против Хрватска на 17 јуни. Потоа ја очекуваат дуели со Гана и Панама.

ВИДЕО | Судијата на кој САД му забрани влез е дочекан како херој во Сомалија

Мундијал 2026 | Група Х: Шпанија е фаворит за титулата, Биелса е најголем адут на Уругвај

ВИДЕО | Мундијалски вести: Претставување на шест групи на СП 2026

Дроновите ќе бидат забранети на Мундијалот, предвидени се казни и до 100.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот