ВИДЕО | Хорор сцена на пријателски натпревар — камера за малку ќе предизвикаше трагедија
Драматична сцена се случи за време на пријателскиот натпревар меѓу Унгарија и Казахстан во Дебрецин, кога телевизиска камера поставена над теренот ненадејно се откачи и падна од височина од повеќе од 20 метри.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инцидентот се случи во првото полувреме на стадионот „Наѓердеи“, каде што специјалната камера била поставена на систем од сајли над тревникот. Според информациите на унгарските медиуми, опремата најпрво почнала да испушта чад, а постои сомнеж дека краток спој или пожар го оштетил носечкиот кабел, по што конструкцијата попуштила.
Присутните на стадионот биле сведоци на вознемирувачка сцена кога тешката камера падна покрај аут-линијата. Особено загрижувачки е фактот што падна во непосредна близина на местото каде што се загреваа резервните играчи на домашната репрезентација.
Само неколку метри ја делеле опремата од снимател кој се наоѓаше крај теренот, па инцидентот лесно можеше да заврши со сериозни последици. За среќа, се помина без посериозни последници.
🔴 Una cámara aérea (Spidercam) se desplomó durante el partido amistoso entre Hungría y Kazajistán.
Cayó muy cerca de un camarógrafo y empezó a echar humo tras el impacto. pic.twitter.com/qdAe8JiWpo
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) June 9, 2026


