Лина Ѓорческа / фото: mtftennis.mk

Русинката Казинова подобра од Ѓорческа од турнир во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на турнирот во Загреб, откако по голема борба беше поразена од Русинката Екатерина Казионова со 2-1 во сетови.

Македонката одигра одличен вовед во мечот и целосно доминираше во првиот сет, кој го доби убедливо со 6-1. Ѓорческа беше блиску и до конечна победа во вториот сет, кога поведе со 5-3 и имаше меч-топка, но не успеа да ја реализира шансата за триумф.

Казионова ја искористи паднатата концентрација на македонската тенисерка, направи пресврт и го освои вториот сет со 7-5, израмнувајќи на 1-1.

Во решавачкиот трет сет двете тенисерки водеа изедначена битка, но во завршницата повеќе присебност покажа руската претставничка, која со 6-4 го комплетираше пресвртот и обезбеди пласман во следната рунда од турнирот во хрватската престолнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот