Рожер Федерер/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Федерер се враќа на терените, ќе игра во Њујорк со уште неколку легенди

Тениската легенда Роџер Федерер повторно ќе излезе на терените и тоа пред публиката во Њујорк, откако беше потврдено неговото учество на егзибициски настан кој ќе се одржи на 25 август во пресрет на Отвореното првенство на САД.

Организаторите соопштија дека спектаклот ќе се одржи на стадионот „Артур Еш“ под името „Роџер Федерер: Иконата се враќа во Њујорк“, а покрај швајцарскиот ас на теренот ќе се појават и тениските великани Енди Родик, Андре Агаси и Џон Мекенро.

Федерер има посебно место во историјата на турнирот во Њујорк, каде што петпати ја освојуваше титулата, додека професионалната кариера ја заврши во септември 2022 година.

„Отвореното првенство на САД отсекогаш било еден од најпосебните турнири за мене. Толку многу незаборавни моменти од мојата кариера се случија во Њујорк, а стадионот ‘Артур Еш’ е место што многу ми значи. Ми недостигаше да бидам дел од таа атмосфера и да ја чувствувам неверојатната енергија што ја носат навивачите секоја година. Со нетрпение очекувам да ги прославам тие спомени, повторно да се поврзам со навивачите и да уживам во многу посебна вечер“, изјави Федерер.

Последниот настап на Федерер на Отвореното првенство на САД беше во 2019 година. Годинашното издание на турнирот ќе се одржи од 30 август до 13 септември, а љубителите на тенисот ќе имаат можност уште еднаш да го видат Федерер на теренот во Њујорк.

Зверев во драматично финале во Париз ја освои првата грен слем титула во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот