Арманд Дуплантис/ EPA-EFE/Matthias Hangst / POOL

Сензација во Шведска: Прекината серијата на Дуплантис од 40 победи

Големо изненадување се случи на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, каде што Арманд Дуплантис по долго време остана без победа во скокот со стап.

Шведскиот ас, кој е актуелен светски рекордер, олимписки, светски и европски шампион, ја прекина неверојатната серија од 40 последователни триумфи, откако  мораше да се задоволи со второто место.

До сензационалниот успех стигна Австралиецот Кертис Маршал, кој ја прескокна висината од 5,90 метри во третиот обид и така го остави фаворитот зад себе. Дуплантис натпреварувањето го заврши со најдобар резултат од 5,80 метри.

Натпреварот не започна најдобро за домашната ѕвезда. Дуплантис ја совлада висината од 5,60 метри дури во вториот обид, потоа ја прескокна 5,80 метри од прва, а реши да ја прескокне летвичката на 5,90 метри и директно да нападне 6,00 метри. Сепак, не успеа во првите два обиди, па последната шанса ја побара на 6,05 метри, но и таму остана без успех.

На третото место заврши Французинот Батист Тиери, кој исто така прескокна 5,80 метри.

Интересно е што ова е прв пораз за Дуплантис по речиси три години. Последен пат без победа остана во 2023 година на митингот од Дијамантската лига во Монако, кога триумфираше Американецот Кристофер Нилсен со 5,92 метри, додека Швеѓанецот тогаш го освои четвртото место со прескокнати 5,72 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот