Доналд Трамп, претседател на САД /Фото: INSTAR Images / Profimedia

Трамп: Нетанјаху ќе мора да го прифати секој договор што ќе го постигнеме со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да го прифати секој договор што Соединетите Американски Држави (САД) ќе го постигнат со Иран. Тој во интервју за „Финаншл Тајмс“ вели дека конечните одлуки ги носи Вашингтон.

„Тие нема да имаат друг избор“ рече американскиот претседател.

Неговата изјава е дадена во период на зголемени тензии на Блискиот Исток. Израел вчера изврши напад врз предградие на Бејрут, откако САД минатата недела го претставија мировниот план за Либан. Подоцна, Иран лансираше ракети кон израелски цели, што дополнително ги усложни напорите за постигнување поширок мировен договор во регионот.

ВИДЕО | Иран испали ракети кон Израел

Иранските власти претходно соопштија дека евентуален мировен договор со САД ќе зависи од почитувањето на прекинот на огнот во Либан. Израел во март започна воени операции во земјата, насочени кон борците на Хезболах, кои отворија оган кон израелска територија во знак на поддршка за Иран.

Толку од примирјето на Блискиот Исток: Израел го нападна Иран, Техеран возврати со ракети

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда информира дека ракетните напади врз Израел претставуваат предупредување и најави поширок одговор против американски и израелски цели во регионот доколку, како што наведоа, продолжат агресиите.

Во изјава за „Фокс њуз“, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека иранскиот напад нема да придонесе за напредок на преговорите.

„Тоа сигурно нема да им помогне на преговорите. Она што ќе му го предложам на Иран е – ги истрелавте ракетите, доста е. Вратете се на преговарачката маса и склучете договор“, кажа Трамп.

На прашањето за израелскиот напад врз Бејрут, Трамп кратко одговори дека не е задоволен од тој потег.

Според извештаите, ова е прв ирански напад врз Израел од стапувањето во сила на примирјето поддржано од САД на 8 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот