УБИСТВО ПИШТОЛ
Пиштол / фото: архива

Србин застрелан и убиен од непознат напаѓач во Барселона

Маж од српско потекло синоќа бил застрелан и убиен од непознат напаѓач во Барселона, објави „АБЦ“.

Според каталонската полиција, жртвата, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден, била погодена со неколку куршуми во областа Зона Франка.

Неколку сведоци се обиделе да го реанимираат, но без успех, и тој починал кратко потоа.

Полицијата моментално се обидува да го лоцира напаѓачот, кој побегнал од местото на настанот.

Србин убиен во Колумбија

Само две недели претходно, на истата улица и на само неколку метри од местото на нападот, бил убиен уште еден маж.

Случајот ги вознемири жителите поради зголемениот број на вооружени напади во регионот.

Според локалните власти, најмалку 93 инциденти со огнено оружје биле регистрирани во текот на последната година.

Полициските извори засега ја исклучуваат можноста за поврзаност меѓу двете убиства.

Истрагата сè уште е во тек и засега нема приведени.

„Блиц“: Македонец и двајца Срби брутално ликвидирани во Боливија, телата им ги нашле во црни вреќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот