Прес-конференција на Христијан Мицкоски и Каја Калас / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

На Блискиот Исток не му се потребни нови тензии, вели Каја Калас по нападите меѓу Израел и Иран

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, денес предупреди од какво било понатамошно разгорување на кофликтот на Блискиот Исток. Таа нагласи дека во услови на вакви засилени тензии меѓу Тел Авив и Техеран, на регионот воопшто не му е потребен нов конфликт, јавува Анадолу.

„Во текот на изминатата ноќ повторно бевме сведоци на ескалација. На регионот не му се потребни нови тензии, туку напротив, неопходно е засегнатите страни да седнат на преговарачка маса и да постигнат договор“, изјави Калас пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана во Никозија, Кипар.

Потврдувајќи дека ЕУ би можела да помогне во олеснувањето на напорите по прекинот на огнот, таа изјави дека итен приоритет е обезбедувањето прекин на борбите.

„Прекинот на огнот е многу очекуван. Запирање на оваа војна во овој момент, отворање на Ормускиот Теснец, а потоа користење на времето за подолги дискусии кога станува збор за потешките теми, како нуклеарната програма, но и за други клучни прашања што постојат таму“, додаде таа.

Иран истрела неколку ракети кон Северен Израел доцна синоќа, по израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, за кој Тел Авив тврдеше дека бил насочен кон центарот за команда и планирање на Хезболах.

Според првичните податоци, во израелскиот напад загинаа двајца, а 11 се повредени.

Ова е прв ваков масовен напад од Иран по воспоставувањето на кревкиот прекин на огнот на почетокот на април.

Привремен прекин на оган беше постигнат на 8 април, но подоцна преговорите беа прекинати поради спорови околу неговото спроведување и последователните регионални случувања.

Толку од примирјето на Блискиот Исток: Израел го нападна Иран, Техеран возврати со ракети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот