Група E Фото: Х

Мундијал 2026 | Група E: „Панцерите“ се кандидати за титулата, Курасао дебитира на големата сцена

Светското фудбалско првенство  започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Од денеска па сè до почетокот на првенството ќе ви ги претставиме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи.

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

ГРУПА Е-Германија,Еквадор,БСК,Курасао

 

 

ГРУПА Е

ГЕРМАНИЈА

Најдобри пласмани: Шампиони четири пати (1954, 1974, 1990, 2014)

Учества: 20

Рангирање на ФИФА: 10

Германија влегува во турнирот желна да стигне далеку откако не успеа да ја помине групната фаза во претходните две првенства. Германија е на второто место според бројот на освоени титули (четири), заедно со Италија, а единствено зад Бразил, рекордер со пет титули. „Панцерите“ можат да се сметаат за силни кандидати за титулата во 2026 година и дефинитивно се големи фаворити за врвот во оваа група и пласман во шеснаесетфиналето. Селекторот Јулијан Нагелсман, поранешниот тренер на РБ Лајпциг, кој започна како најмлад професионален тренер во Германија на 36 години и ја освои Бундеслигата со Баерн Минхен во сезоната 2021-22, има моќно оружје во својот арсенал. Ѕвезди се креативниот играч на средниот ред Џамал ​​Мусијала, искусниот плејмејкер Џошуа Кимих (двајцата се играчи на Баерн Минхен), напаѓачот на Ливерпул, Флоријан Вирц и капитенот и напаѓач Каи Хаверц (Арсенал).

Мундијал 2026 | Група Б: Швајцарците се најголеми фаворити, Kанада ќе го носи товарот на очекувањата

ЕКВАДОР

Најдобри пласмани: Осминафинале (2006)

Учества: Четири

Рангирање на ФИФА: 23

Еквадор може да биде најпријатното изненадување на турнирот. Се квалификува убедливо како второпласиран во јужноамериканскиот регион зад актуелниот шампион Аргентина, а пред Бразил, Колумбија и Уругвај. Во квалификациите прими само пет гола во 16 меча. Еквадор се претвори во сила под водство на Аргентинецот Себастијан Бекачесе. Еквадорците на теренот ги предводи играчот од средниот ред на Челси, Моисес Каиседо, а други значајни играчи се Вилијан Пачо од Парои Сен Жермен и Пјеро Инкапие од Арсенал. Ветеранот напаѓач Енер Валенсија останува клучен.

БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА

Најдобри пласмани: Групна фаза 3 (2006, 2010, 2014)

Учества: Три

Рангирање на ФИФА: 34

Африканците ќе се обидат да се пласираат од групната фаза, првпат по три обиди. Тие се враќаат на мундијалите првпат од 2014 година, откако ги пропуштија последните две изданија. Тие се еден од тимовите на кои Африка ќе ги положи своите надежи за да стигнат далеку на турнирот. Под водство на селекторот Емерсе Фе, стигнаа до титулата во Африканскиот куп на нации 2024. Во квалификациите БСК беше непоразен (осум победи и два нерешени резултати. Тимот е мешавина од искусни ѕвезди и нова генерација. Поранешниот играч на Милан и Барселона, а сега од Ал-Ахли Франк Кеси, дефанзивецот Еван Ндика (Рома) и крилниот напаѓач Амад Дијало (Манчестер Јунајтед) ќе го предводат нападот. Таленти во подем се Симон Адингра (Монако) и Анж-Јоан Бони (Интер Милан).

Мундијал 2026 | Група Ц: Бразил секогаш е меѓу фаворитите за титулата, Мароко сонува ново чудо

КУРАСАО

Најдобри пласмани: Нема

Учества: Ниедно

Рангирање на ФИФА: 82

Курасао ќе го има своето мундијалско деби откако малиот карипски остров, со население од 150.000, влезе во историјата со тоа што стана најмалата нација што се квалификувала за турнирот. Курасао го стори тоа со тоа што ги шокираше Јамајка, Тринидад и Тобаго и Бермуда и беше на врвот нод Групата Б на КОНКАКАФ. Селектор е 63-годишниот Холанѓанец Фред Рутен, кој ја презеде функцијата по препорака на својот претходник Дик Адвокат, кој се повлече од функцијата поради семејни проблеми откако го водеше Курасао до нивното прво СП. Историската квалификација на Курасао беше предводена од играчи како што се искусниот Леандро Бакуна (Игдир ФК, Турција), офанзивниот плејмејкер Тахит Чонг (Шефилд Јунајтед) и младиот дефанзивец Ливано Комененсија (ФК Цирих).

Мундијал 2026 | Група Д: Турција никогаш посилна, „Јенките“ посакуваат успех пред своите навивачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот