Хапоел Тел Авив/EPA/Victor Lerena

Бомбашки напад на Иран прекина плејоф-натпревар во Израел

Вистински хаос го одбележа полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим, кој беше прекинат поради ракетна тревога предизвикана од нападите од Иран.

Драматичните сцени се случија во третата четвртина, кога безбедносните служби реагираа по активирањето на алармите. Во моментот на прекинот, Хапоел Тел Авив имаше предност од 77:67.

Судиите веднаш ја стопираа средбата и ги упатија играчите, стручните штабови и присутните навивачи на безбедно место. По одредено време, откако ситуацијата се стабилизираше, беше направен обид натпреварот да продолжи, но кошаркарите на Хапоел Ерусалим одбија да се вратат на теренот.

Од раководството на лигата се очекува во наредниот период да излезат со официјален став и одлука за понатамошниот тек на полуфиналната серија, секако во зависност од развојот на безбедносната состојба во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот