Фото: Слободен печат/Методи Здравев

ФОТО+ВИДЕО | Антониа Гиговска: Наскоро ќе има концерт за албумот „Жена“

Облечена како божица, претопена во автентичниот амбиент на Сули ан, поп-пејачката Антониа Гиговска ги собра медиумите и фановите со цел да го промовира својот втор албум насловен „Жена“.

– На овој албум работевме напорно и со многу љубов. Ќе има девет песни. Интересно е што секоја е различна и не наликува на другата. Тоа ни беше и целта. Преку овие песни сакам да ѝ порачам на секоја жена дека е храбра сама по себе и дека не ѝ треба маж за тоа – вели Гиговска.

За секоја песна ќе има и оригинален видеозапис, открива пејачката.

– Снимавме на различни локации низ Македонија. Мислам дека ќе ви се допаднат спотовите – рече таа.

Антониа Гиговска / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

За овој албум многу наскоро се очекува и голем концерт, најави Гиговска, без да открива детали.

Ексклузивно за „Слободен печат“ одговори на прашањето кога таа станала жена.

– Кога се реализирав како мајка, почувствував дека станав жена – вели Гиговска.

Со Стефан Лазаров / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Пејачката досега објави дел од композициите што ќе се најдат на овој албум: „Специјалиста“, „Аман“, „Чукај, чукај“, а носечката песна на албумот, „Жена“, веќе доби и награда на фестивалот „Макфест“ за најслушана песна помеѓу два фестивала.

Иван Јованов, Пајак, Елвир Мекиќ, Антониа Гиговска и Јован Јованов / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Со Благица Павловска / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Со Стефан Филиповски и неговата сопруга / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Со Лара Иванова и Лина Пејоска / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Со Дарко Димитров / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Тамара Тодевска / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Теа Трајковска / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Цеце Николова / Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот