Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Прва победа за македонските одбојкари во Европската лига

Прва победа на машката А одбојкарска репрезентација на Македонија во годинешното издание од Европската лига, откако во вториот натпревар со 3:1 (23:25, 25:21, 25:20, 25:13) го победи Луксембург пред својата публика во салата „Парк“ во Струмица.

Избраниците на Јошко Миленкоски се мачеа да го скршат отпорот на противникот во првиот сет, а техничките грешки беа причината што истиот го загубија на разлика 23:25.

Во продолжението квалитетот, но и истрајноста на нашите одбојкари дојде до израз и со комплетен превсрт стигнаа до победата.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 30 поени беше прв поентер на натпреварот, додека средниот блокер Филип Савовски броеше до 11. Покрај нив Владо Милев реализираше осум поени, Лука Костиќ седум, Стојан Илиев шест, додека Филип Маџунков имаше четири поени.

Македонија следната недела патува за Атина каде го игра вториот турнир од Европската лига 2026 против домаќинот Грција и Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот