Стивен Спилберг и Колман Доминго на филмски квиз во Лондон / Фото: Инстаграм/Колман Доминго

ФОТО | И Стивен Спилберг сака филмски квизови и пиво — легендарниот режисер ги изненади посетителите на лондонски паб

Легендарниот американски режисер Стивен Спилберг неочекувано се појавил во паб во центарот на Лондон за време на квиз вечер посветена на неговата филмска кариера.

Спилберг во петокот присуствувал на настанот во пабот „Девоншир“ во лондонски Сохо, организиран од филмскиот критичар на Би-би-си Радио 1, Али Пламб. Квизот бил целосно посветен на неговите најпознати филмови.

Со него бил и актерот Колман Доминго, кој игра во неговиот најнов филм „Ден на разоткривање“ (Disclosure Day).

Стивен Спилберг и Колман Доминго на филмски квиз во Лондон / Фото: Инстаграм/Колман Доминго

Сосопственикот на пабот, Ојшин Роџерс, изјавил за Би-би-си дека режисерот му рекол оти прекрасно си поминал и особено уживал во својата чаша „Гинис“.

По настанот, Али Пламб објави фотографии на Инстаграм на кои се гледаат Спилберг и Доминго опкружени со посетители во пабот.

„Сè уште не можам да поверувам дека ова се случи“, напиша тој.

Стивен Спилберг / Фото: Инстаграм/Клер Бејтман

На објавата реагираше и поранешната водителка на Би-би-си Радио 2, Зои Бол, која се пошегува со една од најпознатите реплики од култниот филм „Ајкула“ (Jaws).

„Ќе ви треба поголем паб“, напиша таа.

Спилберг деновиве престојува во британската престолнина поради промоцијата на својот нов филм „Ден на разоткривање“, кој премиерно беше прикажан во Велика Британија на 4 јуни, а во кината ќе започне да се прикажува од 12 јуни.

Покрај Колман Доминго, во филмот играат и Емили Блант, Џош О’Конор, Колин Фирт и Ив Хјусон.

Во центарот на приказната се метеорологот Маргарет Ферчајлд, која ја толкува Блант, и експертот за сајбер-безбедност Даниел Келнер, кого го игра О’Конор. Тој открива докази за долгогодишно прикривање на вистината и станува мета на влади и моќни корпорации кои се обидуваат да ги сокријат информациите.

ФОТО | „Берлинале“: Стивен Спилберг ја доби почесната „Златна мечка за животно достигнување“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот