Ентони Хед / Фото: PA / PA Images / Profimedia

Почина Ентони Хед, ѕвездата од сериите „Бафи, убиецот на вампири“ и „Тед Ласо“

Британскиот актер Ентони Хед, најпознат по своите улоги во „Бафи, убиецот на вампири“, „Тед Ласо“, „Мерлин“ и „Мала Британија“, почина на 72-годишна возраст, пренесува Би-би-си.

Хед се здоби со меѓународна слава кон крајот на 1990-тите како Руперт Џајлс во популарната тинејџерска фантастична серија. По „Бафи, убиецот на вампири“, тој имаше значајна улога во комедијата „Мала Британија“, го играше кралот Утер Пендрагон во серијата „Мерлин“ на Би-би-си, а неодамна се појави како поранешниот сопственик на фудбалски клуб, Руперт Манион во серијата „Тед Ласо“. Другите улоги на Хед се оние во филмови и серии како „Железната дама“, „Убедување“, „Интевенерс“ и „Менчилд“.

Неговите ќерки Емили и Дејзи потврдија дека тој починал мирно, опкружен со своето семејство, од компликации предизвикани од пневмонија. „Со тешко срце ја објавуваме смртта на нашиот извонреден татко“.

„Беше и секогаш ќе биде чест и привилегија да бидеме негови ќерки и од прва рака да бидеме сведоци на влијанието што тој и неговата работа го имаа врз толку многу луѓе“, се вели во соопштението.

Тие рекоа дека знаат „колку многу ќе им недостига на неговите пријатели, колеги и обожаватели на сериите во кои глумеше.

Тие исто така рекоа дека тој „многу ја сакал својата работа“ и „секогаш се сметал себеси за неверојатно среќен“. Семејството потврди дека „неговото наследство ќе живее“ и дека се сметаат себеси за „среќни“ што го гледале како го прави она што го сака во текот на целата своја кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот