Ребека со критика за „Као какао“: Ги покани некој другите членови на „Леб и сол“?
Поп-пејачката Ребека упати критика по премиерата на новиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски.
Ребека Јанковска емотивно, но и со доза на критика, се огласи на својот фејсбук-профил. Таа сподели личен спомен од своите тинејџерски денови кога била дел од оригиналниот проект на групата, но истовремено упати и јавно прашање до организаторите и јавноста.
Препорачано
„За мене ’Као Какао‘ е ’Леб и сол‘. Случајно бев статист, учесник како девојка на 16 години во нивното шоу што го режираше Слободан Унковски и ’Као Какао‘ беше албум кој остави силен печат врз мене како уматник, артист, автор, пејач. Се радувам за новиот мјузикл, но никој не ги спомена останатите членови на ’Леб и сол‘. Дали беа поканети? Само се прашувам“, напиша Ребека.

Мјузиклот „Као какао“, е работен по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски и двапати по ред се одигра пред полната сала на Македонскиот народен театар и доби позитивни критики во јавноста.
Текстот за мјузиклот го напиша Венко Андоновски. Главните ликови Дона и Џими ќе ги толкуваат младите актери Катерина Јовановиќ и Владимир Петровиќ, костимите на Марија Пупучевска, сценографијата на Валентин Светозарев, а вокална менторка е Ана Костадиновска.
Во мјузиклот, освен Владимир Петровиќ и Катерина Јовановиќ ви главните улоги на Џими и Дома, играат и Стефан Спасов, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Дениз Абдула, Јована Миладинова, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Анастасија Трајковска, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Ѓорге Нешковиќ и Анастасија Митровска.

Продуцент на проектот е „Баги комуникации“, во копродукција со МНТ. Новите аранжмани се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите ги изработи Марија Пупучевска, а вокална менторка е Ана Костадиновска. Стефан Петановски ги отсвире солата на Влатко Стефановски во мјузиклот.


