ВИДЕО | Убиен e актерот Џејмс Хенди од „Топ Ган: Маверик“ — синот на неговата девојка го нападнал со нож
Холивудскиот актер почина на 81-годишна возраст по брутален напад во Лос Анџелес.
Џејмс Хенди, 81-годишниот актер кој јавноста го памети по улогите во блокбастерите „Топ Ган: Маверик“ и „Џуманџи“, како и по споредните улоги во десетици телевизиски серии, беше убиен во средата по напад со нож во населбата Тарзана во Лос Анџелес. Од полицијата во Лос Анџелес (LAPD) соопштија дека тој бил убиен од синот на неговата девојка, пренесува „Верајети“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Во средата, на 3 јуни 2026 година, околу 9:30 часот наутро, патролните полицајци од областа Вест Вали одговориле на радиоповик за пријавен проблем во блокот 19200 на улицата Ервин. Лицето кое се јавило на 911 изјавило: ’Јас сум синот човечки, штотуку го убив човекот на гревот‘. По пристигнувањето полицијата го пронашла 81-годишниот Џејмс Хенди во предниот двор на резиденцијата, во несвесна состојба и со убодна рана во пределот на градите. Жртвата била пренесена во локалната болница од страна на болничарите од Противпожарната служба на Лос Анџелес, каде што била прогласена смрт. Осомничениот ја пречекал полицијата која пристигнувала во близина, кажувајќи им дека тој е оној по кого трагаат. Осомничениот живее на истата локација со неговата мајка, која била девојка на жртвата. Детективите веруваат дека ова е изолиран инцидент и во овој момент се чини дека нема опасност за јавноста“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.
Осомничениот, 44-годишниот Мајкл Гледхил, е уапсен и приведен во затворот Ван Најс под обвинение за убиство, со одредена кауција од два милиони долари.
Претставник на актерот ја потврди трагичната вест:
„Со голема тага можам да потврдам дека господинот кој беше нападнат и убиен во средата во Тарзана е актерот Џејмс Хенди“.
Покрај неговата улога во хитот од 2022 година „Топ Ган: Маверик“, Хенди се појави и во филмот „Логан“ во 2017 година како докторот кој го лекуваше ликот на Хју Џекман. Во култниот филм „Џуманџи“ од 1995 година го играше истребувачот на инсекти, додека во „Арахнофобија“ го толкуваше ликот на Милтон Бригс. Неговата богата филмска кариера вклучува и улоги во остварувањата „Ракетер“, „Мемоари на Брајтон Бич“, „Пресудата“ и „K-9“.
На телевизиските екрани, Хенди го играше Артур Девлин во осум епизоди од популарната серија „Алиас“, а имаше и споредни улоги во „Мелроуз Плејс“. Роден во Њујорк, Хенди својата прва филмска улога ја забележа во филмот „Кадети“ од 1977 година.


