ВИДЕО: Том Круз направи вистинско шоу на најочекуваната премиера на годината

Фото: Профимедиа

Долгоочекуваната премиера на филмот „Топ Ган: Маверик“ се одржи во Сан Диего, а Том Круз на црвениот тепих пристигна со хеликоптер кој сам го управуваше.

Актерот веќе 28 години има пилотска дозвола, а познато е и дека во своите филмови сам ги изведува сите вратоломии и дека нема каскадери.

На хеликоптерот кој пристигна на премиерата пишуваше „Том Круз: Маверик“, а тој од него излезе во одело и со авијатичарски очила на лицето.

Потоа на црвениот тепих позираше со колегите Џенифер Конели и Мајлс Телер.

Она што ги изненади фановите е неговото затегнато лице, а многумина заклучија и дека не се променил многу од првиот Топ Ган. Да се потсетиме, тој филм е снимен во 1986. година.

Естетскиот хирург Најла Раја, чии пациенти се бројни славни ѕвезди, го даде своето објаснување зошто славниот актер изгледа можеби премногу младолико.

„Се чини дека претерал со инекции против брчки и со филери, што негативно влијае на неговиот изглед. Ако не се разгледа внимателно структурата на лицето, крајниот резултат може да биде искривен и неприроден изглед“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот