Мет Дејмон и Бен Афлек / Фото: Скриншот/Јутјуб/EPA

Мет Дејмон за речиси 50-годишното пријателство со Бен Афлек: „Бевме единствените кои веруваа еден во друг“

Холивудскиот актер Мет Дејмон во интервју за списанието „Пипл“ зборуваше за речиси 50-годишното пријателство со Бен Афлек, откривајќи дека уште како деца си биле најголемата поддршка на патот кон актерската кариера.

Дејмон (55), кој моментално го промовира новиот филм „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан, се присети на деновите кога со Афлек патувале од Масачусетс до Њујорк на аудиции, меѓу кои и за „Клубот на Мики Маус“ (The Mickey Mouse Club).

„Бен и јас си дававме сила кога бевме млади. Бевме тинејџери и патувавме со воз или автобус до Њујорк на аудиции. Бевме единствените кои веруваа еден во друг. Имавме семејства, но никој од нив не беше дел од забавната индустрија“, изјави Дејмон.

Тој додаде дека токму меѓусебната доверба им помогнала да истраат во професија во која шансите за успех се мали.

„Бевме единствените кои си велеа: ‘Да, ќе успееш.’ Мислам дека мора да имаш таков начин на размислување ако сакаш да се занимаваш со оваа професија“, рече актерот.


Повеќе од 45 години по нивната прва средба, Дејмон и Афлек остануваат блиски пријатели, професионални соработници и деловни партнери. Заедно ја основаа продукциската компанија „Артистс Еквити“, а неодамна работеа на филмот „Плен“ (The Rip).

Дејмон откри дека денес често разговараат за новата животна фаза, бидејќи нивните деца се на слична возраст и наскоро ќе го напуштат семејниот дом.

„Не треба многу за да станеме емотивни. Нашите животи се во слична фаза. Токму затоа ја основавме компанијата – во педесеттите години сме, доволно млади за да имаме енергија и доволно искусни за да знаеме зошто сакаме да снимаме добри филмови со нашите пријатели и луѓето со кои сакаме да работиме“, изјави тој.

На крајот, актерот порача дека исполнувањето на нивните детски соништа има уште поголема вредност затоа што и понатаму создаваат заедно.

„Нашите соништа се остварија, а најголема неправда кон помладите верзии од нас би било да не продолжиме да работиме заедно“, заклучи Дејмон.

Полицајци ги тужат Мет Дејмон и Бен Афлек — тврдат дека им ја уништиле репутацијата во новиот филм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот