Мицкоски од Битола откри која е најголемата опасност за ВМРО-ДПМНЕ
Со свечена академија, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола вечерва одбележа 36 години од своето формирање, јавува ТВ „Тера“.
Препорачано
На свеченоста дојде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кој во говорот пред присутните, меѓу другото, предупредил и дека „најголемата опасност за ВМРО-ДПМНЕ не се противниците, туку самозадоволството“.
„Обединувањето не е политичка фраза што ја употребуваме само пред избори, туку начин на однесување кој мора да започне од секој од нас… Затоа секогаш кога ќе се појави недоразбирање, лична суета или обид за поделба, треба да се потсетиме што сме поминале заедно и колку висока цена плаќа партијата, но и Македонија, кога енергијата ја трошиме во внатрешни пресметки наместо проблемите на граѓаните“, порачал Мицкоски, меѓу другото.
На настанот, освен премиерот, присуствувале и високи функционери на партијата, целото раководство на АД ЕСМ, претставници на дипломатскиот кор во Македонија предводени од амбасадорот на Австрија, како и почесните конзули на Франција и Црна Гора во Битола, заедно со бројни членови, ветерани, активисти и симпатизери на партијата.
Мицкоски вечерва продолжил за Прилеп, каде присуствувал на отворањето на „Пивофест“.
Заштитата на личните податоци го заштити Стоилковиќ од јавен срам


