Meтлајф/EPA/RONALD WITTEK

Паузата на полувремето во финалето ќе биде подолга, но нема да трае 25 минути

Во пресрет на големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, во јавноста се појавија информации дека паузата меѓу двете полувремиња ќе трае дури 25 минути поради спектакуларната музичка програма.

Сепак, ФИФА денеска ги демантираше тие тврдења и официјално потврди дека паузата на финалниот натпревар ќе трае 17 минути. Тоа значи дека прекинот ќе биде само две минути подолг од стандардната 15-минутна пауза предвидена според правилата на играта.

Според информациите што Светската фудбалска федерација им ги доставила на репрезентациите на Шпанија и Аргентина, музичката програма на полувремето ќе трае околу 11 минути, додека преостанатото време ќе биде искористено за поставување и демонтирање на сцената, како и за подготовка на теренот пред почетокот на второто полувреме.

Организаторите најавуваат спектакуларно шоу со настапи на светски музички ѕвезди, меѓу кои Мадона, Шакира и Џастин Бибер, но потенцираат дека забавната програма нема значително да го продолжи вкупното времетраење на натпреварот.

Големото финале меѓу Шпанија и Аргентина е закажано за в недела со почеток во 21 часот.

Се подготвува музички спектакл и за полувремето од четвртфиналето на Светското првенство — еве кој ќе настапи

Големите пожари во Канада го замаглија Њујорк пред мундијалското финале

Финалето помеѓу Аргентина и Шпанија е најскапото во историјата на спортот

Претседателот на Аргентина поради суеверие нема да го гледа финалето во живо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот