Метлајф/EPA/SARAH YENESEL

Финалето помеѓу Аргентина и Шпанија е најскапото во историјата на спортот

Еуфоријата пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина достигнува врв, а со неа растат и цените на билетите, кои ги уриваат сите досегашни рекорди во светот на спортот.

Според францускиот „РМЦ Спорт“, претстојниот меч официјално е најскапото финале во историјата, бидејќи огромниот интерес на навивачите создаде невидена побарувачка за влезници.

За поголемиот дел од љубителите на фудбалот, присуството на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси ќе остане само желба. Просечната цена на билет на секундарниот пазар во моментов изнесува неверојатни 9.717 евра. Дури и најевтината влезница, која овозможува место во најоддалечените делови од трибините и не вклучува никакви поволности, чини 3.496 евра.

Најголем шок предизвикуваат цените на платформите за препродажба, каде што за поединечни билети се бараат дури 1.748.000 евра, што претставува апсолутен рекорд за еден спортски настан.

Покрај астрономските цени, организаторите се соочуваат и со дополнителен предизвик. Само три дена пред големото финале, Њујорк е зафатен од густ чад предизвикан од шумските пожари во Канада, што отвора прашања за условите во кои ќе се игра натпреварот, како и за безбедноста и престојот на навивачите на отворено.

Сепак, ниту загадениот воздух, ниту рекордните цени на билетите не ја намалуваат возбудата пред спектаклот. Финалната пресметка меѓу Аргентина и Шпанија се очекува да биде еден од најгледаните спортски настани во годината, а оние што ќе бидат на трибините ќе платат суми какви што досега не се забележани за едно финале.

Стигна потврда: Трамп ќе го гледа финалето на Мундијалот, се очекува и да го додели пехарот

Нова традиција на Мундијалот: ФИФА во стилот на НБА ќе им додели ексклузивни шампионски прстени на светските прваци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот