Стигна потврда: Трамп ќе го гледа финалето на Мундијалот, се очекува и да го додели пехарот
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство 2026, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Препорачано
Присуството на Трамп на натпреварот за светската титула, како и неговото учество во церемонијата на доделување на трофејот, се очекуваше веќе извесен период. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, уште минатиот месец најави дека токму Трамп ќе му го врачи шампионскиот пехар на победникот, иако постоеја дилеми бидејќи американскиот претседател не присуствуваше на ниту еден од претходните натпревари на Мундијалот, кој заеднички го организираат САД, Канада и Мексико.
Левит соопшти дека Трамп в петок ќе отпатува во Њујорк, каде што ќе присуствува на приемот организиран од ФИФА во „Трамп Тауер“ на Менхетен. Во недела, пак, ќе биде на трибините на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, каде што во големото финале ќе се сретнат репрезентациите на Аргентина и Шпанија.
Иако портпаролката не потврди директно дека Трамп ќе го врачи победничкиот пехар, се очекува токму тој да ја има таа улога. Инфантино претходно изјави дека заедно со американскиот претседател ќе го проследат финалниот натпревар, а потоа и ќе му го предадат трофејот на новиот светски шампион.
Лаутаро во солзи по херојскиот гол против Англија: „Го сонував ова“


