Нова традиција на Мундијалот: ФИФА во стилот на НБА ќе им додели ексклузивни шампионски прстени на светските прваци
Финалето на Мундијалот ќе се одигра во недела во 21 часот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, каде што Шпанија и актуелниот шампион Аргентина ќе водат битка за титулата. Покрај, трофејот и златните медали, на овогодишниот Мундијал победникот ќе ги добие и новововедените шампионски прстени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Преку инспирација од американската спортска култура, ФИФА за првпат во историјата ќе додели прстени на некое од своите натпреварувања.
Проектот за шампионските прстени ќе биде ограничен на 2.026 прстени, што се совпаѓа со годината на одржување на турнирот. Од нив, 30 ултраексклузивни прстени ќе бидат резервирани за светските шампиони, додека 1.996 прстени ќе бидат достапни за навивачи и колекционери ширум светот.
Fifa will present World Cup rings to the winners of Sunday’s final between Argentina and Spain, which will be attended by Donald Trump. pic.twitter.com/17wyQMDfG8
— BBC Sport (@BBCSport) July 17, 2026
Секој прстен ќе има двостран дизајн. На едната страна ќе се наоѓа трофејот на Светското првенство, додека другата страна ќе биде прилагодена да ги одразува боите, идентитетот и симболите на победничката репрезентација.
Прстените за шампионите ќе бидат изработени по мерка за секој играч и член на стручниот штаб, ќе имаат индивидуални сериски броеви и сертификати за автентичност.
Капитенот и селекторот на победничката репрезентација се очекува да добијат привремени прстени на победничкиот подиум веднаш по последниот судиски свиреж, пред официјалните прстени подоцна да бидат изработени и испорачани во персонализирани верзии за шампионите.
⚠️🏆 AL ESTILO DE LA NFL. La FIFA estrenará una tradición inédita en el Mundial 2026: además del trofeo y las medallas de oro, los campeones recibirán anillos personalizados, inspirados en los que se entregan a los ganadores del Super Bowl.
💍 Será la primera vez en la historia… pic.twitter.com/qWmx2d8VFc
— Motivaciones Fútbol (@MotivacionesF) July 16, 2026
Ова високо ценето парче накит претставува вообичаена награда за шампионите во НБА, НХЛ, НФЛ и МЛБ, а сега и симбол на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Колку ќе вреди секој шампионски прстен од Светското првенство?
Тешко е точно да се предвиди вредноста на прстените, бидејќи секој шампионски прстен е уникатен.
Фотографиите што ги објави ФИФА сугерираат дека тие се изработени од жолто злато, иако кај шампионските прстени во други спортови често се користи и бело злато.
Содржината на златото би можела да биде меѓу 14 и 18 карати, но ФИФА сè уште не ги објавила прецизните спецификации.
Дополнително, фотографиите што ги обезбеди ФИФА покажуваат дека прстените содржат различни скапоцени камења кои значително ја зголемуваат нивната вредност.
Шампионските прстени стануваат уште повредни кога се украсени со дијаманти или други скапоцени камења, како рубини и сафири, што е стандардна практика кај прстените што им се доделуваат на шампионите во најголемите северноамерикански спортски лиги.
Проценетата вредност на секој прстен би можела да достигне околу 150.000 американски долари.
Со тоа тие би се нашле во сличен ценовен ранг со шампионските прстени што ги добиваат освојувачите на титулата во НБА, иако нивната вредност може значително да варира во зависност од бројот и квалитетот на вградените скапоцени камења.
Нивната вредност може дополнително да зависи и од тоа дали ФИФА ќе доделува шампионски прстени само на Светското првенство во 2026 година. Доколку тоа биде единствениот случај, нивната реткост би можела значително да ја зголеми нивната вредност.
Стигна потврда: Трамп ќе го гледа финалето на Мундијалот, се очекува и да го додели пехарот


