Џонатан Мотли е ново засилување на Црвена звезда
Кошаркарскиот клуб Црвена звезда официјално го потврди ангажманот на американскиот центар Џонатан Мотли, кој потпиша повеќегодишен договор со белградскиот клуб.
Препорачано
Мотли во Звезда пристигнува од Хапоел Тел Авив, каде што настапуваше во изминатите две сезони, а во богатата кариера има играно и за Фенербахче, Локомотив Кубан, Инчеон, како и во НБА-лигата за Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс.
Американскиот центар е висок 206 сантиметри и тежок 104 килограми, а во белградскиот клуб очекуваат неговото физичко присуство, борбеноста и квалитетот под обрачите да бидат големо засилување за тимот.
Леброн Џејмс го стесни изборот: три тима се во игра за неговиот потпис
„Мотли носи огромна енергија, многу скокови и одлична игра во рекетот. Тој ќе биде важен дел од нашиот тим во наредните сезони“, наведоа од Црвена звезда во официјалното соопштение.
Мотли е роден на 4 мај 1995 година во Хјустон, а пред професионалната кариера настапуваше за престижната универзитетска програма Бејлор во NCAA.
Тој е третото засилување за Црвена звезда во овој преоден рок, по Џонс и Кремер, додека клубот ги продолжи договорите со Батлер и Давидовац. Од белградскиот тим најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за останатите трансфер активности преку официјалните канали.
Македонските кошаркари против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕП 2029


