Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Македонските кошаркари против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕП 2029

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според денешната ждрепка, нашата најдобра селекција ќе настапува во групата „Ф“, заедно со репрезентациите на Кипар и на Австрија.

По максималниот учинок во првата претквалификациска фаза, во која Македонија оствари шест победи на исто толку натпревари и го освои првото место во групата, следува нов предизвик на патот кон Европското првенство.

Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем, односно секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари – по два на домашен и на гостински терен. Натпреварите ќе се играат во трите ФИБА „прозорци“ – во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година.

Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи. Македонија ќе го започне новиот квалификациски циклус на 30 август, а четирите натпревари од оваа фаза ќе бидат клучни во борбата за место во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.

Состав на групите:

Група Д

Данска
Романија
Бугарија

Група Е

Швајцарија
Велика Британија
Словачка

Група Ф

Кипар
Австрија
Македонија

Група Г

Белгија
Чешка
Норвешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот