кк МЗТ Скопје - кк Маџари / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

МЗТ Скопје ги дозна противниците во ФИБА Европскиот куп

Денеска со ждрепка во Минхен, Германија, се дознаа противниците на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром за сезоната 2026-27 во ФИБА Европскиот Куп.

Регуларната сезона ќе вклучува 48 клуба поделени во осум групи од по шест екипи, со дури 21 клуб кои ќе се приклучат од квалификациите за Лигата на шампионите.

Овие екипи се привремено пласирани и ќе бидат заменети со „среќни губитници“ – од квалификациите за ФИБА Европскиот Куп – доколку се пласираат во регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

МЗТ е во групата Е заедно со АЕК Ларнака (Кипар), Вурцбург Баскетс (Германија), Тарту (Естонија), Ираклис (Грција) и Варшава (Полска).

Регуларниот дел од сезоната е закажана да започне на 7 октомври 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот