Аргентина чекори кон нова фудбалска бесмртност
Аргентина уште еднаш покажа зошто со право се смета за една од најголемите фудбалски нации во светот. Со спектакуларен пресврт против Англија во полуфиналето на Светското првенство, „гаучосите“ обезбедија место во големото финале, каде што во недела во Њу Џерси ќе се соочат со Шпанија во битка за највредниот трофеј во светскиот фудбал.
Препорачано
Тимот на Лионел Скалони низ целиот турнир ја покажа својата најголема сила – карактерот. Аргентина не само што победува, туку победува во моменти кога се чини дека е најблиску до пад. Токму затоа многумина веќе ја нарекуваат селекцијата со „девет животи“, бидејќи секој пат кога се наоѓа пред бездна, успева да најде начин за ново чудо.
Патот до финалето беше исполнет со драматични моменти. Во осминафиналето против Зеленортските острови, Аргентина мораше да одигра продолженија за да обезбеди пласман понатаму. Против Египет беше на работ на елиминација откако имаше негатива од два гола, но успеа да се врати во игра. Во четвртфиналето против Швајцарија повторно беше потребна дополнителна минутажа, а кулминацијата дојде во полуфиналето против Англија, кога „гаучосите“ направија пресврт со два гола во последните минути.
Оваа победничка серија не е случајност. Од поразот против Бразил во полуфиналето на Копа Америка во 2019 година, Аргентина нема загубено ниту еден нокаут натпревар на големо натпреварување. Серијата сега изнесува неверојатни 15 последователни победи во елиминациските фази.
Во тој период, Аргентина освои сè што можеше да се освои. Триумфираше на Копа Америка во 2021 година, го освои Светското првенство во 2022 година, славеше во финалето 2022 и ја освои Копа Америка во 2024 година. Сега има можност да додаде уште едно поглавје – одбрана на светската титула.
Бројките најдобро ја покажуваат големината на оваа генерација. Од 2019 година, „гаучосите“ одиграа 92 натпревари со неверојатен биланс од 75 победи, 12 нерешени резултати и само пет порази. Тоа е статистика која ја потврдува стабилноста и доминацијата на еден тим кој веќе години наназад е на самиот врв.
Еден од најомилените фудбалери во светот не доби ниту една минута на својот последен Мундијал
Посебно импресивен е карактерот што Аргентина го покажува во завршниците. На ова Светско првенство, тимот на Скалони постигна 11 гола во нокаут фазата, а дури девет од нив паднаа по 75. минута. Кога притисокот е најголем, кога секоја грешка може да значи крај, Аргентина најчесто го покажува своето најдобро лице.
Лионел Скалони, пак, веќе влезе во историјата на аргентинскиот фудбал. Откако ја освои светската титула во 2022 година, тој им се придружи на легендарните Сезар Луис Меноти и Карлос Биљард како тренери кои ја донеле Аргентина до светскиот врв. Со новото финале, Скалони се изедначи со Биљард по бројот на настапи во финалиња на Светските првенства и го надмина Меноти.
Сега пред Аргентина стои историска можност. Доколку ја совлада Шпанија и ја одбрани титулата освоена во Катар, ќе стане само третата репрезентација во историјата со две последователни светски титули. Пред неа тоа им успеало само на Италија, која славеше во 1934 и 1938 година, и на Бразил со титулите во 1958 и 1962 година.
Меси води во трката за Златната копачка на Светското првенство


